Разрешен Александар Донев од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Од:

На денешната седница на Владата на Република Македонија, беше разрешен директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Александар Донев.

Донев предизвика внимание во јавноста откако леташе со бизнис класа за неговата работна посета во Аргентина, при што платил околу 4.000 евра.

Тој вети дека ќе ги врати парите што ги потрошил на патувањето, но се уште тоа го нема сторено. Како што кажа Донев, парите ќе ги донира за проект на министерството за труд и социјална политика за соба за деца со посебни потреби.

Би можело да ве интересира

Објавена фотографија од Украинката за која тврдат дека ја убила ќерката на идеологот на Путин

Донев можел да донира без да чека спецификација од Министерството за труд

Наум Локоски