Донев можел да донира без да чека спецификација од Министерството за труд

Од:

Разрешениот директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Александар Донев, доколку сакал, можел во секое време да ги уплати средствата за скапиот авиобилет на сметката на Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје. Тој во изјава за „Макфакс“ посочи дека за да ги уплати 40-те илјади денари, колку што рече дека ќе ѝ врати на државата, чека спецификација од Министерството за труд за опремата што им треба. Донев рече дека решил парите да ги донира за опремување соба за лица со посебни потреби.

На прашањето зошто не му испратиле спецификација на Донев, од Министерството одговараат: „Во однос на вашето прашање, ве известуваме дека секој заинтересиран граѓанин може да реализира уплата на средства за донација, а во моментот постои потреба од поддршка за опремување на сензорната соба во постојниот Центар за аутизам при Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје. Уплата на средства за донација се врши на сметката за донации на Заводот“.

Разрешениот директор пред два месеца најави дека ќе ги врати парите кога јавноста како расипништво со државни пари го оцени неговиот лет со бизнис-класа до Буенос Аирес, Аргентина. Билетот во бизнис-класа чинел околу 220.000 денари, а во економска класа бил 30 отсто поевтин, односно 180.000 денари, па Донев најави дека разликата од 40.000 денари ќе ја врати во касата на државата.

Владата вчера го разреши од функцијата поради невнимателно и несовесно работење.

Би можело да ве интересира

Објавена фотографија од Украинката за која тврдат дека ја убила ќерката на идеологот на Путин

Разрешен Александар Донев од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Наум Локоски