Работилница на тема „Размена на искуства помеѓу Франција и Македонија за Натура 2000 и имплементација на Директивите за живеалишта и птици“ организираат денеска Амбасадата на Франција и Министерството за животна средина и просторно планирање.
На работилницата ќе зборуваат француски и македонски експерти од областа на заштитата на природата, а ќе се обрати и министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети.