„Разбуди се“ го поздравува менување на имињата на училиштата во Чаир

Од:

Граѓанското движење „Разбуди се!“ ја поздравува одлуката на четирите основни училишта од општина Чаир во Скопје, за промена на нивните имиња наследени од минатиот систем.

„Волјата на родителите, учениците и вработените во образованието е неприкосновена и треба да се почитува од сите без исклучоци, а посебно од тие кои управуваат со институциите и кои треба да бидат во служба на граѓаните. Ниту едно дискретно министерско право не може да ја одмине вољата на абсолутното албанско мнозинство кое што на најтранспарентен и најдемократски начин, преку советите на родители на спомнатите училишта притоа потполно придржувајки се на законските одредби, одлучија да се сменат називите на училиштата што беше поддржано од страна на општина Чаир и се реализираше пред почнувањето на оваа школска година, се  вели во соопштението на  „Разбуди се!“ .

Движењето ги поддржува  и иницијативите на другите општини за промена на називите на училиштата, улиците, наследени од претходниот одамна напуштен систем, според волјата и желбата на локалното население.

„Разбуди се!“ ги потсетува личностите кои, велат,  во моментот раководат со министерските ресори дека тие не се партиски министри или претставници на своите етнички заедници, дека тие се министри на сите граѓани и дека како такви положиле заклетва пред Собранието дека ке ги почитуваат законите и Уставот. Ова обврзувачки значи и потполно почитување на Охридскиот договор и неговиот дух без никакви политички калкулации.

„Иднината на земјата лежи врз хармоничните меѓуетнички односи на двете најголеми заедници со взаемно почитување“, велат од „Разбуди се“.

Би можело да ве интересира

Разбуди се: Нови споменици, а Скопје се поплавува од најмалиот дожд

Емир Латифовиќ

„Разбуди се“: Псевдоновинарот Латас да исчезне од малите екрани

Емир Латифовиќ

Разбуди се: До каде може да стаса оваа србофилија?

Емир Латифовиќ

„Разбуди се“: Цар Душан е окупатор на Западен Балкан

Ана Ололовска

„Разбуди се“ бара основање државна награда „22 Ноември“

Емир Латифовиќ