Расветлена кражбата на парите за пензии за пробиштипските пензионери

Од:

Полицијата ја расветли кражбата на пари за исплата на пензиите на пробиштипските пензионери, што се случи на 1 октомври. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека од слобода се лишени 19-годишниот А.Д. и 22-годишниот Д.А. А.Д е поштарот кој што тој ден имал задача да ги достави пензиите на пензионерите, а во неговата торба носел 360.821 денари.

-Имено, на први октомври во Полициската станица Пробиштип, А.Д., вработен во АД „Пошта на Северна Македонија“ – Пошта Пробиштип, лажно пријавил дека околу 08.40 часот во близина на „Аква парк“ во Пробиштип, непознат сторител физички го нападнал и му одзел 360.821 денари, наменети за исплата на пензии. По преземени мерки и судска наредба, на 3 октомври полициски службеници од СВР Штип извршиле претрес на три локации во Пробиштип, при што биле пронајдени парите, како и наркотична дрога амфетамин, вели Панајотова.

Во врска со лажната кражба, на службен разговор во Полициската станица Пробиштип бил повикан и Б.З.(26) од Пробиштип. Панајотова додава дека по целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он