Расте бројот на разводи во Делчево

Од:

Во првите два месеци од годинава, осум брачни парови од Дeлчево, судски ставиле крај на брачната заедница, додека во последниве три години, според информацијата од Основниот суд во Делчево, официјално се раскинати 120 бракови.

Во перидот од 2014 година до денеска, само во еден случај е спасен бракот, односно тужбата е повлечена. Најчесто развод побаруваат мажите и тоа во 67 случаи, а жените поднеле тужба во 61 случај и најчесто се разведуваат млади брачни парови на возраст од 30 години.

Зад оваа статистика се кријат нарушени меѓучовечки односи во брачната заедница, напуштање на брачната заедница повеќе од една година, но и спогодбено ставање крај на брачната заедница. Последниве години на разводот влијаат и социјалните мрежи, работењето во смени и љубомората, но и економската зависност и влијанието од родителите.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он