Расчистени три тешки кражби во Битолско

Од:

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, денеска во Битола ги лишиле од слобода битолчаните Г.В.(45), З.М.(22) и Н.М.(18), поради основано сомнение дека извршиле тешки кражби на подрачјето на градот.

– Г.В. се сомничи дека извршил две тешки кражби во викенд куќи на подрачјето на битолското село Цапари, од каде одзел разновиден алат и муниција, додека З.М. и Н.М. се сомничат дека во село Долно Српци, Битолско, извршиле тешка кражба, одземајќи предмети во сопственост на правен субјект, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Приведените во целост ги признале кривичните дела, а пронајдени се и одземените предмети и ќе бидат вратени на сопствениците.

-По целосно документирање на случајот, против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава, наведува МВР.

Би можело да ве интересира

Четворица малолетници украле компјутери од училиште

Украл лична карта на соселанец и се обидел да подигне брз кредит, полицијата го привела

Орце Костов

Уапсени државјани на Северна Македонија кои краделе луксузни автомобили на Халкидики

ОЈО Скопје покрена постапка против 19-годишен скопјанец осомничен за неколку кражби

Предраг Петровиќ

Ограбена канцеларијата на „Донирај Компјутер“ во Кавадарци

Татко го натерал малолетниот син да ограби пензионерка од Битола