Расчистена тешкa кражба од маркет во Кочани

Од:

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани по преземени мерки и активности расчистиле „тешка кражба“ извршена ноќта помеѓу 18 и 19 месецов од маркет на ул.„Маршал Тито“ во Кочани.

Како што соопштија денеска од МВР, за кражбата осомничен сторител е А.С., сопруг на вработена во маркетот.

– Осомничениот А.С. ги земал клучевите без знаење на сопругата, влегол во маркетот и од кутија одзел околу 120.000 денари. Паричните средства се одземени и вратени на сопственикот, се наведува во соопштениот од МВР.

Се работи на комплетирање на случајот по што против А.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка