Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, и поранешна претседателка на Унијата на Жени на оваа партија, преку фејсбук се прости од актерката Билјана Беличанец Алексиќ
„Вредна, посветена, одговорна!
Се гордеам што те познавав и што имав можност да соработувам со тебе како Претседателка на Градскиот комитет на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ и една од ретките жени Градоначалнички!
Но, зошто Билјанче мораше вака….
Зошто “Златицо” како што знаеше да кажеш?
Зошто?
Почивај во мир!“, напиша Рангелова.