(ВИДЕО) Рамчиловиќ: Најдовме правна формулација и јасна дистинкција меѓу насилниците и организаторите во предлогот за амнестија

Од:

Работната група за помирување го подготви предлогот за законско решение за амнестија за 27 април. Обвинетите ќе потпишат изјава дека ја прифаќаат амнестијата. Со законот нема да бидат опфатени организаторите и оние кои извршиле насилство.

„Го разгледуваваме и дојдовме до предлог-текст за амнестија, консензуално прифатен во работната група што денеска ќе го доставиме до копретседателите на координативното тело. Очекувам во најбрз рок да се свика седница за да се разгледа текстот, да добие законска форма и да влезе во собраниска процедура“, рече пратеникот Зеќир Рамчиловиќ.

Тој додека дека успеале да најдат правна формулација и јасна дистинкција меѓу организаторите и насилниците на 27 април.

„Оставивме можност за сите кои сакаат да го продолжат процесот. Секое лице да поднесе барање за амнестија во понатамошната постапка. На овој начин може процесот да продолжи, да има правна завршница, но и дел од лицата да може да добијат амнестија. Тоа е прв чекор кон релаксација на односите“, подвлече Рамчиловиќ.

Пратеникот не сакаше да каже дали ќе има преквалификација на делото, ниту дали ќе чекаат да заврши судскиот процес.

Законот за амнестија беше условен од осумте пратеници: Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска Старова, Елизабета Канческа-Милевска, Крсто Мукоски и Зеќир Рамчиловиќ, кои ги поддржаа уставните измени.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Исмаили: Како што гласаа за амнестија, ВМРО ќе гласаат и за реформските закони

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Законот за амнестија ќе го помогне потребното помирување, казнувањето мора да опстои, нема мешање во правосудството

Ана Ололовска

Подгрупата за помирување ќе расправа за законското решение за амнестија за настаните од 27 април

Ана Ололовска

Дескоска: Законот за помирување ќе се изработи во Собранието, не во Министерството за правда

Ана Ололовска

Сведочењата за 27 април ја одлагаат амнестијата, предлог-законот нема да биде доставен утре

Ана Ололовска

Помирувањето има поддршка од европратениците, предлог законот до крајот на неделава

Ана Ололовска