Рамадани: Зошто СДСМ ќе мора да ги обелодени и „албанските бомби“?!

Од:

На својот фејсбук профил, аналитичарот Рамадан Рамадани пишува зошто ќе мора да се обелоденат и “албанските бомби“:

1. Затоа што секакво калкулирање за обемот и ефектите ќе доведе на посакуваната линија од Груевски кој ги класифицираше „бомбите“ во точни, делумно итн. По тоа ако се примети дека и обелодувањето е парцијално или калкулативно по било која основа, тогаш сомнежот ќе порасне во јавноста.

2. Затоа што најверојатно тие делови или цели афери ќе бидат најсуштинските и кои можат да предизвикаат повеќе возбуда во јавноста.

3. Затоа што уште во најавата беше спомнат меѓуетничкиот аспект на најавените “бомби“.

4. Со целосно објавување ќе биде сочуван целосниот граѓански приод кон проблемот за кој генерално чинам се работи во тие афери, а тоа е украдениот државен суверенитет од граѓаните за потребите на партии, фамилијата, клановите, братучедите или поединците.

5. Со целосно објавување се чува конзистентноста и доследноста на објавувачот.

6. Затоа што и актуелно и за во иднина има и други политички чинители кај албанските граѓани освен постојните ДУИ и ДПА кои можат да бидат предмет на објава на афери: движењето Беса и реформското движење на Зијадин Села.

7. Затоа што Албанците имат и трета партија НДП која иако освои неколку десетици илјади гласови, а само еден пратеник не ги призна никогаш псоледните резултати од парламентарните и претседателските избори, со што беше една од најзаслужните во додавањето на кредибилитет и легитимитет на истото непризнавање на резултатите кое го застапува СДСМ.

8. Затоа што има голем број на албански граѓани кои не се политички преставени, нешто што се знае од половина гласачко тело на Албанците кои не учествуваат во последните гласања, но кои исто така ги засега ваквата кражба на суверенитетот и јавните пари.

9. Затоа што во неколку наврати голем број на непартиски јавни актери, здруженија и поединци од Албанците, јавно истапиле во принципиелна одбрана на демократските начела, во заеднички отпор со опозицијата, притоа бивајќи етикетирани од страна на актуелните политички номенклатури на Албанците.

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат