Поранешната министерка за одбрана и екс претседателка и потрпеседателка на СДСМ Радмила Шекеринска на конгресот во Берлин е избрана за потпреседателка на Партијата на европските социјалисти.
„Честа е дотолку поголема што ова е првпат ПЕС да избере на таа позиција личност која доаѓа од земја која не е членка на Европската Унија. Благодарност до новиот претседател Стефан Лвен, кој го даде предлогот и до сите мои колеги кои го поддржаа“, напиша Шекеринска на својот фесјбук-профил.
На конгресот на Партијата на европски социјалисти во Берлин долгогодишниот премиер на Шведска и лидер на тамошните социјалдемократи Стефан Ловен е избран за нов претседател на ПЕС.