Раде Трајковски Штекли оди во Шутка, притвор и за сите од неговата група

Од:

На Раде ТРајковски Штекли му е одреден 30-дневен притвор инфомираше Основниот кривчен суд. Покрај за него, притвор од 30 дена им е одреден и на деветмината кои беа уапсени со Штекли во акцијата на МВР и на Обвинителството за организиран криминал спроведена викендов.

– Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство против група, осомничена за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори согласно член 215 ст.3 вв со ст.1 од КЗ, кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, донесе решенија со кои: Предлогот за определување мерка притвор против : Р.Т., П.З., Д.Т., В.В., А.В., Д.Џ.Х., С.С., К.К. и Ф.Р. го прифати и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење основните од член 165 ст.1 т.1, 2 и 3 односно, Опасност од бегство, Околности кои укажуваат дека може да ја попречи истрагата со влијание на сведоци и Повторување на делото.
На осомничениот С.М., донесено е решение за определување мерка Куќен притвор.

Прифатен е и предлогот за определување на мерка притвор против две лица кои се недостапни за органите на прогон, а притворот почнува да се спроведува од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Би можело да ве интересира

Адвокатите на Штекли тврдат дека страда од шизфрено растројство, Дени Масев призна вина

Катерина Ѓуровски

Полициска акција: специјалци апсат во скопски Аеродром

Катерина Ѓуровски

Уапсен е Раде Трајковски – Штекли

Катерина Ѓуровски

Раде Штекли нуди работа, бара приватно обезбедување за плата од 3000 евра

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нападот на Раде Штекли бил најавен на ТикТок

Лошо е што криминалните банди си „хараат“, ќе одговриме сурово вели Тошковски