Работниците ангажирани на истражувањата од струмичкиот Музеј кај Иловица реагираат на блокадите

Од:

Една недела се протестира на ридот над селата Иловица и Штука, каде активисти не дозволуваат на работниците ангажирани од струмичкиот Музеј за архолошки ископувања на просторот на концесијата на проектот на рудникот за бакар Иловица – Штука, а кои, исто така, го изразија својот револт.

Според работниците ангажирани да работат, блокадите ги спречуваат чесно да си заработат пари за егзистенција, која во селата е многу тешка. Тие велат дека населението главно се занимава со земјоделство и секоја можност за сигурни приходи им е добредојдена.

-Работевме една недела, но од понеделникот не блокираат неколку луѓе и не знаеме од кои причини не ни дозволуваат да работиме. Веројатно се плашат дека нема да остане кој да им работи нив, зашто по отворање на рудникот очекуваме и платите во регионов да се зголемат, вели Ристо Златанов од село Штука.

Стојанче Јаневски, жител на Штука вели дека не им е јасно што сакаат луѓето кои протестираат.

-Сега работиме само на археолошки испитувања, ама не блокираат. Не блокираат пензионери и луѓе што имаат фирми и сигурни примања, а ние сме тука дојдени за работа. Ако нешто не се смени во Струмичко, ќе продолжат младите да се иселуваат затоа што со малите плати кои ги исплатуваат не може да се живее, вели Стојанче Јаневски од село Штука.

Работниците ги ангажира Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј минатата недела од месното население да стартуваат со истражувања на теренот каде треба да се отвори рудникот и согласно регулативата, трошоците за истражувањата на теренот ги покрива концесионерот Еуромакс Ресоурцес. Но, од понеделникот поради блокади од страна на активистите кои се против изградба на рудникот, околу 50 лица не можат да пристапат на локацијата.

На терен во селата и со двете групи се сретнаа и градоначалниците на Босилово и на Ново Село, Зоран Зимбаков и Никола Андонов, кои ги сослушаа и мештаните кои се спречени да работат и активистите кои блокираат. И им објаснија дека конечните одлуки за рудникот се во надлежност на Владата.

Би можело да ве интересира

Швајцарската компанија Трафигура стана мнозински сопственик во „Еуромакс ресоурцес“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Коциќ: Укинато спојувањето концесии за рудникот „Иловица“

За Иловица ќе се расправа на следната владина седница

Протест во Струмица против отворање на рудник во Иловица и Штука, „Еуромакс ресоурцес“ тврди: Нашата безрезервна подготвеност да се формира „Независно Мониторинг Тело“

Горан Наумовски

Министерство за економија: Нема да дозволиме отворање рудник во Иловица без одобрение од локалното население

Предраг Петровиќ

Струмичани гневни на Владата: Протести поради одлуката да се спојат двете концесии за рудник за бакар и злато во Босилово и во Ново Село

Орце Костов