Работни групи работат на измени на законите за основно и за средно образование

Од:

Три работни групи во Министерството за образование и наука викендов работат на предлози за измени и дополнувања на законите за основно и за средно образование и на одредбите од законите коишто се однесуваат на децата со посебни образовни потреби.

Министерството за образование и наука денеска соопшти дека во работните групи вклучени се експерти од Министерството, Бирото за развој на образованието, Центарот за средно стручно образование, Државниот просветен инспекторат, претставници од СОНК и МЕСО, Сојузот на дефектолози на Македонија, Комората на психолози на Македонија, Наставничкиот пленум, наставници и професори од сите региони во државата, како и претставници од граѓанските организации.

– Целта на овој инклузивен процес е да се земат предвид потребите на сите засегнати страни, да се дадат предлози и идеи како да се подобри образовниот систем и да се подигне квалитетот на образованието од страна на оние кои се директно вклучени и се дел од образовниот процес, велат од МОН.

Според министерката Рената Тренеска – Дескоска, предлозите добиени од работните групи се суштински во процесот на донесување на квалитетни измени и дополнување на законите за основно и средно образование, а предлозите ќе бидат јавно достапни и отворени за дебата со цел да се дојде до најдобри законски решенија.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска