Работилница „Собирање податоци за нови мерки од методологијата Оддолу-нагоре“

Од:

Работилница „Собирање податоци за нови мерки од методологијата Оддолу – нагоре“, во рамки на проектот multEE – Управување за енергетска ефикасност на повеќе нивоа, финансиран од програмата Хоризон 2020, се одржа денеска во Скопје.

Работилницата е последна од четирите работилници наменети за утврдување на метод за соодветно собирање на потребни податоци за нови мерки за енергетска ефикасност, кои ќе бидат дел од методологијата Оддолу – нагоре.

На настанот, формираат од Здружението Мацеф, присуствуваа претставници од Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Министерството за економија, претставници од неколку општини од секторот енергетска ефикасност, како и претставници од организации кои активно повеќе години работат во областа на енергетската ефикасност.

Се отвори дискусија за координативните механизми кои се неопходни за правилно спроведување на енергетските политики, а се значаен дел од законската рамка за енергетика во Република Македонија. Дополнително на работилницата беше дискутирано и за усвојување на препораки за подобрување на координативните механизми кои моментално се постоечки во Република Македонија.

Претставници од Мацеф преку презентации појаснија кои сѐ координативни механизми помагаат во темелно собирање на податоци и добивање на реална слика за спроведувањето на енергетските стратешки политики.

Од Здружението посочија дека координативните механизми се спроведуваат по вертикална и хоризонтална основа. Вертикалната координација подразбира комуникација на повеќе нивоа, на пример меѓу локалната самоуправа, центрите за развој на планските региони, агенцијата за енергетика на Република Македонија и Министерството за економија.

Од друга страна, хоризонталната координација подразбира комуникација на исто ниво, на пример комуникација на локалната самоуправа, преку Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија – ЗЕЛС или комуникација помеѓу министерствата кои имаат задолженија за енергетските политики и заштита на животната средина, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Едукативни филмски работилници за деца

Ана Ололовска

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

Креативна работилница „Заедно за иста цел“ во Куманово

Ана Ололовска

Работилница: Проблемот со нарушувањето во говорот и јазикот кај децата добива епидемиски карактер

Ана Ололовска

Работилницата „Градови на иднината“ ќе нуди решенија за намалување на аерозагадувањето

Ана Ололовска

Работилница за дигитализација на филмското наследство