Работилница на „Македонија 2025“: Образованието клучно за силна нација и економски раст

Од:

„Македонија 2025“  во рамки на вториот Глобален инвестициски самит за Македонија, што ќе се одржи од денеска до 10 октомври во Охрид, организираше Работилница за претприемништво наменета за млади професионалци, менаџери и претприемачи.

Пораката до младите од членовите на организацијата беше дека образованието е најважно за градење силна нација и поголем економски раст.

Претседавачот на Самитот Зоран Мартиновски посочувајќи дека една од целите на органзацијата е образованието, најави дека ќе почне да се развива модел за обука на млади претприемачи.

Од организацијата посочија дека ќе продолжат континуирано да работат на голем број образовни програми кои ќе и помогнат на земјата да ги создаде идните успешни претприемачи и бизнис лидери.

– Образованието е најважно и затоа е потребно да се надградат младите. Нашата мисија е покрај привлекување странски директни инвестиции и поттикнување локални бизниси најважно е и образованието, истакна Мајк Зафировски, член на Одборот директори на „Македонија 2025“ обраќајќи се на работилницата одржана во Скопје.

Посочи дека на годинашниот Самит ќе се разменат искуства меѓу учесниците чиј број е 350, а најавени се 30 говорници од 20 земји.

На денешната работилница присуствуваа повеќе од 150 студенти и постдипломци од различни факултети, млади професионалци, менаџери, претприемачи и извршни директори. Теми на дискусија беа предизвиците со кои се соочуваат глобалните претприемачи, како да се остане конкурентен на динамичните пазари, како може ИТ компанија да расте на светско ниво, кои се мерките кои државата ги презема за стимулирање на иновација и истражување, кои се критериумите за аплицирање за нов стартап фонд, како и кои се програмите кои Светската Банка ги нуди за развој и промоција на претприемништвото.

„Македонија 2025“ ќе продолжи континуирано да работи на голем број образовни програми кои ќе и помогнат на земјата да ги создаде идните успешни претприемачи и бизнис лидери.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on