Пуштена во употреба пречистителната станица за отпадни води во Свети Николе

Од:

Пуштена во употреба реконструираната Пречистителна станица за отпадни води во Свети Николе, која 12 години не беше во функција поради голема потрошувачка на електрична енергија. Заменик-министерот за животна средина и градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски истакнаа дека со ставањето во функција на овој објект трајно се решава проблемот со отпадните води и се подигнуваат стандардите за животна средина.

Макрадули рече дека за реконструкција на станицата вложени се 162.000 евра, од кои 138.000 евра се добиени преку Програмата за меѓугранична соработка со Грција, 24.000 евра се од Министерството за локална самоуправа, а Општина Свети Николе вложила и дополнителни 25.000 евра.

-Особено е важно што ова се случува во период кога трае пандемијата, а инфраструктурните проекти не запираат. Третманото на отпадните води е и еден од приоритетите на Владата на Република Северна Македонија и јавноста е сведок дека во изминатите три години се отворија неколку вакви станици, за третман на отпадните води, во Радовиш, Струмица, Кочани и Кичево и на тој начин одговорно тврдам дека пред почетокот на официјалните преговори со Европската комисија процентот на население, кое ќе биде опфатено со третман на отпадни води ќе биде и поголем од многу земји, кои сега се членки на ЕУ, а во тој момент ги почнувале преговорите со ЕУ, вели Макрадули.

Градоначалникот на Свети Николе, Велковски вели дека реализацијата на проектов значи и голем исчекор за заштитата на животната средина, бидејќи отпадните води директно се влевале во Светниколска река, а со неа биле наводнувани и земјоделски површини.

-Посебно сум горд што по две и пол години макотрпна работа, заедно со вработените на ЈКП „Комуналец“-Свети Николе направивме се што е потребно станицата и теренот околу неа да ја доведеме во ваква состојба, какошто е денес. Оваа место беше затрупано со комунален и градежен отпад од 2.600 метри кубни кои претходната локална власт наместо на утврдената локација за отпад, овде го депонирале, вели Велковски.

За да се стави во комплетна функција оваа станица потребни се и дополнителни средства, за што Велковски очекува да се реализира со средсвата од буџетот на државата.

Би можело да ве интересира

Кривична за поранешен градоначалник на Свети Николе

Маж кој се претставувал како полициски инспектор сакал да измами седум семејства од Свети Николе

Горан Наумовски

Пожар во Свети Николе, изгореа два објекта

Полициските хеликоптери со исфрлени 54 тони вода го локализираа пожарот кај Свети Николе

Министерството за живтна средина му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Свети Николе за депонијата кај Мечкуевци

Шестмина добија кривични пријави бидејќи противзаконски доцртале кат на зграда во Свети Николе

А1он