Пуштен за сообраќај мостот „Гемиџии“ во Велес

Од:

По извршената реконструкција денеска во Велес повторно е пуштен во функција мостот „Гемиџии“ на Вардар или попознат како Нов Мост. Мостот за кој Владата издвои 500 илјади евра и кој во изминатите три месеци се реновираше од страна на Јавното претпријатие за државни патишта во функција за секаков вид на сообраќај и за пешаците е пуштен скоро еден месец пред рокот.

– Првично беше најавено дека до крајот на август мостот ќе биде пуштен за сообраќај и движење, но ние го завршивме предвреме еден месец, изјави денеска за медиумите Љупчо Георгиевски, директор на ЈП за државни патишта.

Тој посочи дека реконструкцијата на мостот ќе продолжи и во наредните два-три месеци, но тоа нема да го попречува нормалното одвивање на сообраќајот.

– Најголем дел од работите на мостот долг 170 метри се завршени. Мостот беше целосно соголен до носивата конструкција, која беше целосно зајакната и сега е во стабилна состојба. Потоа беше целосно асфалтиран, а моментално се работи на фарбање на оградата, рече Георгиевски, оценувајќи дека  сите работи се направени мошне квалитетно и согласно проектот.

Георгиевски информира дека останува да се направат поправките на долниот дел од мостот на кој се уште се работи.

– Иако првично беше најавено целосната реконструкција на мостот „Гемиџии“ да заврши на почетокот на 2015 година, сакам да им ветам на граѓаните на Велес дека во октомври годинава мостот целосно ќе биде завршен и официјално пуштен во функција, најави директорот Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Mртов 42-годишен маж е пронајден во помошни простории

Горан Наумовски

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски