Пујовски и Стојкоски во обиколка на спортската сала што се гради кај УКИМ

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски и ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Велимир Стојкоски денеска беа во обиколка на спортската сала која се гради на Комплекс факултети кај Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје.

Целта на обиколката беше да се изврши увид во напредокот на изведбата на градежните активности на спортската сала која ја гради Агенцијата за млади и спорт со поддршка на Владата.

– Од увидот кој го направија директорот Пујовски заедно со ректорот Стојкоски се констатираше дека градежните активности се одвиваат според зацртаната динамика на изведба. Спортската сала е предвидена да се изгради за две години и ќе биде од мултифункционален карактер. Салата ќе биде приспособена да се користи за кошарка, одбојка, мал фудбал, тенис, пинг понг, гимнастика, боречки спортови и сите останати дисциплини поврзани со физичкото образование и спортот, соопшти Агенцијата за млади и спорт.

Салата ќе има трибини со капацитет од 1.100 гледачи и поттрибински простор кој ќе биде искористен за фитнес и теретана. По завршувањето со изградбата на спортската сала, Агенцијата за млади и спорт ќе ја предаде на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје со што ќе се реши деценискиот проблем за реализација на настава по спорт и спортски активности на Универзитетот. Покрај тоа, ќе се овозможат услови за развој на универзитетскиот спорт и одржување на универзитетски лиги во горенаведените спортови.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование