Првпат во Македонија: Ласерска интервенција за аблација на варикозни вени достапна за пациентите

Од:

Во Македонија од денеска е достапен третман кој претставува вистински напредок во понудата на медицински услуги – ласерска интервенција за аблација на варикозни вени. Станува збор за најсовремена технологија која овозможува минимално инвазивен пристап и поставува нови стандарди во третманот на ова често здравствено заболување. Целата интервенција во процедурата за аблација на варикозни вени се изведува со ласер BioLitec и овозможува порамномерно и нежно третирање на варикозни вени.

Првите интервенции со овој апарат во поликлиниката Вита С во Скопје ги изведе Прим. д-р Игор Костов, субспецијалист васкуларен хирург, лекар со долгогодишно искуство во областа на васкуларната хирургија а во иднина ќе ги изведува и доц. д-р Никола Граматниковски. Со оваа врвна технологија, пациентите добиваат безбедна и прецизна интервенција која во најголем број случаи се изведува амбулантски, со минимална болка и со извонредни резултати.

Ласерската аблација претставува врв на современото третирање на варикозни вени. Наместо класичен хируршки засек и долга хоспитализација, новата технологија овозможува затворање на заболениот крвен сад со ласерски зрак, што значително го намалува ризикот од компликации и обезбедува побрзо враќање кон секојдневните активности. За пациентите тоа значи не само подобрување на здравјето, туку и подобар квалитет на живот, без големи лузни, без долг период на опоравување и со видливи естетски придобивки.

Досега, македонските пациенти беа приморани да патуваат во Белград, Словенија или Турција за да добијат ваков вид интервенција. Со воведувањето на апаратот на компанијата Biolitec, Македонија за првпат станува дел од европската медицинска мапа каде се изведува овој третман. Тоа значи огромно олеснување и за пациентите и за нивните семејства – пристап до квалитетна здравствена услуга дома, без дополнителни финансиски и логистички трошоци.

Со воведувањето на овој апарат, македонското здравство прави значаен исчекор кон модернизација и усогласување со светските медицински трендови. Пациентите конечно имаат можност да добијат третман по највисоки стандарди на светската медицина, овде, во сопствената земја.

Би можело да ве интересира

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ

Европските искуства предупредуваат: рестрикциите го поттикнуваат црниот пазар на никотински производи

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари