Првиот од 115-те пациенти на лекување во странство се врати во земјава

Од:

Првиот од 115-те пациенти настрадани по трагедијата во дискотеката во Кочани кои се лекуваат во странство попладнево се врати во земјава. Се работи за пациент кои се лекувал во болница во Белград, Србија и ќе биде на опсервација во ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје.

Пациентот беше пречекан од министрите за здравство Арбен Таравари и за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Директорот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје, Андон Чибишев изјави дека вратениот пациент од Србија е во сосема подобрена општа клиничка состојба.

– Извесен период, неколку или можеби до утре ќе биде опсервиран на Универзитетската клиника за токсикологија. Во моментот се прават некои клинички иследувања. Тој е прегледан и е во сосема добра состојба, со добри клинички параметри. Ќе направиме некои наши иследувања за да бидеме сигурни дека можеме да го пуштиме дома да си оди кај семејството. Протоколот вели дека треба да земеме барем основна лабораторија, да направиме едно интервју за да видиме низ се што поминал додека се лекувал таму. Доаѓањето во својата држава и дома, секако дека за него е да не кажам малку стресна состојба и ние не можеме веднаш да го пуштиме да си оди дома, туку ете малку тука ќе биде со нас, ќе се дружи со нашиот персонал, а во меѓувреме ние ќе ги направиме иследувања, рече Чибишев.

Директорот на Токсикологија нагласи дека според Планот на Кризниот штаб има подготвено повеќе тимови кои се составени од психијатри и психолози кои ќе работат со пациентите кои се лекуваат во земјава и тие што ќе се вратат од странство.

– Апсолутно. Мислам дека и министерот на утринскиот брифинг со новинарите кажа дека според Планот на Кризниот штаб има подготвено повеќе тимови кои се составени од психијатри, психолози кои ќе работат со сите пациенти кои се лекуваат во државата и тие што ќе се враќаат од државите каде што биле трансферирани. Психичката траума е голема и стресот е голем. На тие пациенти сигурно ќе им треба и психијатриска и психолошка потреба, рече Чибишев.

Би можело да ве интересира

Судијката Диана Груевска Илиевска ќе го води судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

А1он

Кривичен го одобри обвинителниот акт за трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека зад објавите „Убијците од Кочани“ стои Венко Филипче и неговите структури

Катерина Ѓуровски

„62 ангела – вечна светлина во нашите срца“ вечерва во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани

Горан Наумовски

Граѓани, роднини и пријатели вечерва во Штип им оддадоа почит на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“

Во Скопје вечерва се одржува собир во чест на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“

Горан Наумовски