Првиот лет од Софија на 11 февруари

Од:

Првиот лет од Софија во Скопје пристигнува на 11 февруари, каде бугарска делегација предводена од министерот за транспорт и комуникации на Република Бугарија, Николај Сабев, придружуван од бугарските тур-оператори, ќе оствариме заедничка средба и ќе разговараме за отворање на нови можности за нашите граѓани и за воспоставување на авиолинијата Скопје – Софија како редовна, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска од Кочани.

Министерот Бочварски очекува оваа авиолинија да ги поврзе двата главни градови и да започне редовно да оперира од почетокот на месец март.

Тур – операторите од двете земји, на заедничката средба, ќе понудат и трета дестинација, екстензија од летот Софија – Скопје, која треба да понуди нови можности за нашите граѓани, а ќе донесе како туристички, така и економски бенефит.

„На 10 февруари во Софија ќе имам работна средба со министерот Сабев, заедно со нашите тимови од Комисијата за транспорт и инфраструктура, а веќе наредниот ден на 11 февруари, ќе се реализира првиот лет Софија – Скопје, каде министерот, со бугарските тур-операторите ќе пристигнат во Скопје. На заедничката средба тука кај нас, вклучително и со нашите тур-оператори, ќе разговараме за воспоставување на оваа линија како редовна, со која ќе овозможиме нови поволности и најдобри солуции за нашите граѓани. Имаме и заинтересирана авиокомпанија за реализација на оваа авиолинија и очекувам таа да стане редовна од почетокот на месец март.“ – изјави министерот Благој Бочварски.

Ова е дел од договорите и разговорите кои во последниот месец се интензивираа помеѓу Владите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, со цел развивање на економијата, туризмот и комуникациите меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Предлогот за резолуција со Бугарија за македонски јазик е штетна

Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив кој е во корист на трета страна спротивставен со интереси и на ЕУ и на НАТО

Катерина Ѓуровски

Европската идеја не смее да се сведува на уцени, ова што ни се случува е неправда, вели Тошковски

ВИДЕО: На барање на известувачот Вајц, одложено гласањето во АФЕТ за извештајот за Македонија

АФЕТ ќе гласа за усвојување на Извештајот на Вајц за земјава

Катерина Ѓуровски

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија