Прва свадба во мариовско Зовиќ по 35 години

Од:

Прва венчавка по 35 години се случи денеска во едно од најпустите мариовско села, Зовиќ кое е 50 километри оддалечено од Битола. Невестата Шпанка, зетот по потекло од ова село, инаку роден во Швајцарија.

Триесетгодишниот Валентин и тригодини помладата Џенифер, изминатите години доаѓале неколку пати на одмор во Мариово, а убавините на овој крај биле предизвик својата 10-годишна врска да ја крунисаат со брак во црквата „Свети Никола“ во Зовиќ, објави телевизија Телма.

Џенифер е Шпанка, а јас сум роден во Швајцарија и дојдовме тука за да направиме убава свадба, бидејќи сакаме Зовиќ повторно да заживее, да ја вратиме традицијата, изјави Владимир Секуловски.

– Овде е многу убаво, жално е што патот до Зовиќ не е направен. Сакав тука да направиме свадбата затоа што местото има ретка убавина, но и затоа што свадбите во хотел се досадни, а оваа свадба е нешто посебно и оригинално – изјави Џенифер Секуловски.

Би можело да ве интересира

Во село Стојаково трка со магариња по повод Денот на трудот

Емир Латифовиќ

ФОТО: Љубовта не познава граници, девојка од Карибите се омажи за тетовчанец

Емир Латифовиќ

Светот подобро место за живеење ако политичарите се претежно жени

Емир Латифовиќ

МАПА: Македонците пијат по 8,5 литри алкохол годишно

Емир Латифовиќ

Македонијa 16-та во светот според коефициентот на интелигенција

Емир Латифовиќ

Како се лекувале Македонците пред два века?

Емир Латифовиќ