Прв академски час на штипскиот универзитет

Од:

На универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип почна академската година 2013-2014 година за 3.800 студенти.

Ректорот на УГД-Штип, Саша Митрев добредојде им посака на студентите од Факултетот за медицински науки, Правниот и Факултетот за музичка уметност во Штип.

– Нашиот универзитет оваа акдемска година ја запиша седмата генерација студенти, идни професионални струлни кадри во областа на техничките, природните или општествените науки и уметности. За неполни седум години од своето основање, универзитетот ја потврди својата втора позиција на втор по големина во Република Македонија и успеа да се искачи на високото второ место на ранг-листата на најдобро рангирани државни универзитети, рече Митрев.

Бројот на активни студенти кои во моментов се запишани и студираат се приближува кон 20.000 студенти, што потврдува, подвлече, дека универзитетот иако релативно млада високообразовна институција е на вистински пат во својот развој.

По повод првиот академски час присуствуваа градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев и деканите и продеканите на факултетите. Најголем интерес за запишување од страна на студентите имаше на Факултетот за медицински науки, Факултетот за туризам и бизнис логистика и на Природно техничкиот факултет.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска