Во Скопје денеска ќе биде потпишан Протокол за соработка за доделување стипендии „Борис Трајковски“ за академската 2014/2015 година за „Сити Колеџот“ во Солун.
Протоколот ќе го потпишат претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванoв, заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски и Јоанис Верверидис директор на „Сити колеџ“, Факултет за меѓународни студии при Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија, лоциран во Солун.
Годинава ќе бидат доделени 20 стипендии за студии од втор циклус на Извршната програма за бизнис и администрација.
Стипендиите традиционално ги обезбедуваат Претседателот на Република Македонија, Министерството за образование и наука на Република Македонија, Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ и “Сити Колеџот“ од Солун.