Противпожарна Кавадарци: Во гаснењето на пожарот кај Сирково многу помогнаа жители на селото

Од:

Во гаснењето на вчерашниот пожар кај росоманско Сирково, многу помогнаа жители на селото, информираат од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци. Оттаму велат дека станувало збор за еден од поголемите пожари ова лето. Доколку не бил изгаснат навреме, ќе бил и еден од поризичните.

– Пожарникарите од ТППЕ Кавадарци гаснат пожари низ целата држава а со тоа сме едни од поискусните кога станува збор за гаснење на пожари на отворено. Тоа што го доживеавме ни ја врати вербата во човештвото која за жал полека не напушташе. Кога го примивме повикот за настанат пожар знаевме дека станува збор за нешто сериозно. Веднаш се прати целата смена, се повикаа сите приправни пожарникари, се побара помош од Ј.П Македонски шуми, Ј.П Комуналец, МВР. Кога нашите сили пристигнаа на терен, таму веќе беа организирани 15-20 жители од Сирково со метли и трактори кои правеа пресеки и се бореа со огнените стихии. Браво за нив. Да не беше нивната пожртвуваност, ќе гасневме на тој терен неколку дена, а нивните жители ќе дишеа загаден воздух за тоа време, соопштуваат од Противпожарната единица која делува на територија на кавадаречка и росоманска општина.

Притоа се нагласува дека најважно било што никој не побарал помош од жителите, тие сами се организирале во одбрана на своето село и околината, па затоа им се изразува благодарност.

Би можело да ве интересира

Активни пожари во Липково и во Студеничани

Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола

Пожар на Скопска Црна Гора кај селото Раштак

Катерина Ѓуровски

Се бара интервенција од воздух во Липковo, сите летала дејствуваат на пожарот во беровско

Катерина Ѓуровски

Пожарот кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак ставен под контрола

Катерина Ѓуровски

Сѐ уште гори во близина на Тиквешкото Езеро

А1он