Откако не беа пуштени да се движат понатаму на крстосницата кај ЕУ-инфо центарот и Министерството за образование, демонстрантите се вратија назад и се упатија кон Владата.
Заради некоординација во наредби, полицијата и демонстрантите трчаат по улицата, во обид кој прв ќе стигне до Владата.
Ова е 10-ти ден од протестот и досега во најголем број. Демонстрантите извикуваат „Никола готов си“. На контрапротетите излегуваат само жителите на Скопје, и беше донесен ниту еден автобус со луѓе од други градови.