„Протестирам“ во Велес против помилувањата од Иванов

Од:

Во Велес од кружниот тек на „Авона“ стартуваа  мирните протести на граѓанска иницијатива „Протестирам“.

Граѓаните кои им се приклучија на невладината „Притестирам“ се движеа кон Трговскиот центар до пред зградата на Општина Велес и понатаму по главната улица се’ до Плоштадот  С’рмаале.

Александар Стојковски од  невладината „Протестирам“ изјави дека бараат претседателот Ѓорѓе Иванов да го укине помилувањето за секој што направил криминал и секој да одговара за тоа што го направил.

– Како и вчеравечер и вечерашните протести се мирни и секој граѓанин кој ќе ни се приклучи ќе може демократски и достоинствено да излезе на улица и го искаже својот револт, потенцира Стојковски.

Потсети дека невладината „Протестирам“ дава поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство.

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско