„Протестирам“ трета вечер на мирен собир во Велес

Од:

Трета вечер во Велес мирно протестираа членови и поддржувачи на Здружението на граѓани „Протестирам“, кои од кружниот тек „Авона“ во новиот дел на градот се движеа по главната улица „Благој Ѓорев“ се до плоштадот С’рмаале.

Дејан Ристов од „Протестирам“ изјави дека и вечерва протестираат мирно, достоинствено и без насилство, во координација со велешката полиција. Повторно сакаат да го изразат својот револт кон актуелната власт и да ги актуелизираат барањата.

– Тука е барањето за повлекување на одлуката на претседателот Иванов за аболиција на сите оние против коишто е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство. Бараме оставка од претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение во Кривичнит суд кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за предвремени парламентарни избори и задолжително вклучување независни претставници од граѓанското општетство во решавање на кризата во земјата, рече Ристов.

Најави дека „Протестирам“ и во наредните денови ќе продолжи да организира мирни протести во Велес.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ