Протестирам: Против насилството и неправдата мора гласно и масовно!

Од:

„Во петок, 5 јуни, во Скопје, ќе протестираме за правда и слобода. Протестот ќе започне во 18:00 од пристапот кон Владата на булеварот „Св. Климент Охридски“. Тргнуваме од веќе освоени, кон нови простори!

Излегуваме за да потсетиме: против злоупотребите, насилството и неправдата мора гласно и масовно! Овој режим нанесе бројни неправди, со  последици различни за секој од нас. Но неправдата против еден е неправда против сите нас. Затоа, да излеземе масовно во солидарност со сите жртви на режимот, дискриминирани, опресирани, обесправени и обеспоседени по различни основи низ изминатите години! Работници, студенти, ученици, родители, наставници, активисти за човекови права и други засегнати граѓани, во знак на револт против самоволието на властодршците го бранеа правото да се биде на улиците. Дел од нив, на 5 мај, во одбрана на ова право на протест против бруталноста и неотчетноста на режимот, беа физички нападнати од специјалните полициски сили. Во бруталниот налет на полицијата, настрадаа и млади кои подготвуваа испити во јавна библиотека.

Еден месец по овие настани, неопходно е да потсетиме дека за неправдата и насилството кои ги причинува режимот мора гласно и без компромис. Правдата и слободата не смее да се предмет на отстапки во  преговарачкиот процес! Кризата во Македонија не е прашање на меѓупартиски конфликт, туку на сенародно незадоволство од владеењето на криминалната клика и корумпираниот политички систем! Политичка и правна одговорност мора да има, но мора да има и коренити промени! А до нив, може да стигнеме само кога до јавните функции ќе им се забрани пристап на сите за кои постои сомнеж дека злоупотребувале функција во своја корист, а против интересите на граѓаните. Оваа порака треба да одекнува на сѐ пошироки и побројни простори, дури и зад затворените врати во Стразбур, Скопје и Брисел!

Ги повикуваме сите наши сограѓанки и сограѓани да излезат на улиците! Оние кои не се во Скопје, ги охрабруваме да се самоорганизираат во своите места на живеење низ Македонија и дијаспората и на свој начин, со протест, да го изразат сопствениот револт! Да протестираме против отстапки за насилството и неправдата, со пораки за мир и правда против авторитарната култура!“, се вели во соопштението на граѓанското движење #Протестирам #Protestoj.

Би можело да ве интересира

Пред Собранието започнаа да се собираат граѓани, за поддршка на Катица Јанева

Емир Латифовиќ

Протестирам до Иванов: Со аболицијата ти си патрон-светец на најголемите криминалци и тирани на македонскиот народ!

Ана Ололовска

Јавно обраќање до уставните судии: Застанете на страната на правдата!

Ана Ололовска

Во повеќе градови протести во организација на „Протестирам“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Царовска: Глумиме држава и демократија, а добиваме потврда за диктатура

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Миленковска: Аболицирани политичари не градат правна држава

Емир Латифовиќ