Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

Од:

Незадоволни кумановци кои работеа за американски компании во базите во Ирак и Авганистан и денеска протестираа пред зградата на Управата за јавни приходи Куманово. Тие најавија дека протести ќе има цела работна недела, секој ден од 14 до 16 часот. Причината, како што посочуваат засегнатите, е неправедното утврдување на даночната резидентност и обврската за плаќање данок за приходи остварени надвор од државата, не земајќи ги предвид реалните околности на нивниот престој и работа во странство. Кумановци побараа надлежните да ги земат предвид доставените докази, пасошите и нивната отсутност од државата 183 дена.

На претходно одржаните два протести кумановци побараа признавање на доказите (пасоши, печати, потврди од работодавци), ревизија на решенијата, запирање на присилната наплата и усогласување на даночната пракса, укажувајќи дека не бегаат од плаќање на даноци и дека бараат правична и законска примена. Денеска, јавно ги повикаа на средба претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, директорката на УЈП Елена Петрова и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, за да се утврдат нејаснотии те и да се признаат доставените докази, укажувајќи дека имале неофицијална средба со нив.

– Јавно го повикаме премиерот Мицкоски, госпоѓата Петрова и градоначалникот Димитриевски да ни ги ислушаат нашите барања и да видиме што понатаму, бидејќи ние имаме докази. Имавме неофицијална средба со премиерот и директорката како што знаете, сигурно се слушнале за таа средба на која ни беа кажани многу работи. Ни посочија дека во секоја подрачна единица ќе се отвори канцеларија каде што ќе имаат тимови, организирани и обучени за овој проблем, дека ќе бидат сослушани сите граѓани не само на Куманово, туку од цела Македонија дека ќе го пролонгираат плаќањето до 31 мај, дека ќе ни бидат признаени сите докази што ги носиме, затоа бараме средба, кажаа Жикица Миланов и Зоран Наковски.

Кумановци кажаа дека побарале од американските компании докази за платен данок, но дека УЈП засега не ги признава доставените докази, ниту пак го признава нивното отсуство. Дел од граѓаните побарале докази и од властите во Ирак, кои им кажале дека како странски државјани не можат да им обезбедат таков доказ. Кумановци побараа институциите самите по службен пат да обезбедат докази за платените даноци. Дел од нив имаат од 200, но и прилично високи суми за плаќање на данок кои се движат и до неколку илјадници евра.

Незадоволството почна пред празниците кога на голем број кумановци им стигна известување по електронска сметка, но не и официјални решенија од УЈП дека треба да платат данок за заработените пари од работниот ангажман во компаниите во базите од Ирак и Авганистан. Вакви известувања, како што самите посочија, добиле околу 4.000 кумановци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата