Пронајдени исчезнатите сестри од Пробиштип

Од:

Полицијата ноќеска, во два часот, во центарот на Крушево ги пронајде двете исчезнати лица од Пробиштип, Н.Т.(19) и нејзината 16-годишна сестра.

Како што информира МВР, полициски службеници при проверка на идентитет ги откриле исчезнатите.

Девојчињата на 16 јули беа пријавени за исчезнати од нивиот татко, М.Т.(55) од Пробиштип. Таткото пријавил дека неговите деца на 14 овој месец заминале од домот во непознат правец.

Во моментов уште едно лице се води за исчезнато, И.Н.(76) од Домот за стари лица „Руски“. Случајот вчера во Полициска станица Гази Баба го пријавило одговорното лице во Домот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Невреме со град во Пробиштип

Катерина Ѓуровски

Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра

МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

А1он

Приведен тинејџер кој ограбил продавница во Пробиштип

А1он

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он