Пронајдени двете лица кои исчезнаа во реонот кај Титов Врв

Од:

Пронајдени се двете лица кои беа исчезнати на падините на Шар планина во реонот кај Титов Врв, извести Центар за управување со кризи.

– Едното лице, јавувачот на настанот, е пронајдено некаде по 20 часот и истото од кај страната на Титов Врв (околу 03 ч) е пренесено кон Попова Шапка, а потоа и во болница. Заедно со него во болница е пренесен и Началникот на СВР Тетово кој се здобил со телесни повреди. Со цел за пронаоѓање на другото лице, екипа од припадници на специјалната единица на МВР беше упатена кон местото на настанот од другата страна односно преку Лешница и по неколку часови успеале да го лоцираат и пронајдат и второто лице кое паднало од карпа, соопшти ЦУК.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода