Пронајден е скопјанецот кој побегна со автомобил откако прегази возач на тротинет

Од:

МВР информира дека денеска во 11.53 часот во СВР Скопје е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул. „Менделеева” во Скопје, во која учествувале патничко возило „фиат” со скопски регистарски таблици, управувано од С.А.(33) од Скопје и електричен тротинет, управуван од С.К. (28) од Скопје.

По несреќата, С.А. со возилото го напуштил местото на настанот, а С.К. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во КЦ „Мајка Тереза”, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Додека траел увидот од страна на полициски службеници од СВР Скопје, на местото на настанот дошол А.А. со возилото „фиат” и појаснил дека возилото во моментот на несреќата го управувал неговиот брат С.А..

Подоцна С.А. е пронајден, известен е јавен обвинител и по негови насоки возилото е одземено за технички преглед, а против С.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Маж од Чегране е осомничен за уцена од 5.000 евра, се закануваше со објава на снимен разговор

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он