Промовирани првите 15 акциски грантови од Цивика мобилитас

Од:

Програмата за поддршка на граѓанското општество во Македонија Цивика Мобилитас, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), денеска ги промовира добитниците на првите 15 акциски грантови.

Првите акциски грантови имаат вкупен буџет од над 25 милиони денари и се наменети за поддршка на граѓанските организации кои скаат да ги промовираат своите активности.

Добитници на акциските грантови се Форум-Центар за стратешки истражувања и документација-Скопје, Медиа плус од Штип, Диверзити медиа од Скопје, Натура, Центар за управување со промени од Скопје, Црвениот крст на Република Македонија-Црвен крст на Град Скопје, Организацијата на потрошувачите на Македонија, Еднаков пристап од Скопје, ГАУС Институт-Фондација за нови технологии, иновации и трансфер на знаења, Институт за општествени и хуманистички науки од Скопје, „Агропродукт“ од Штип, Македонски центар за европско образование-Скопје, Култ-транзен од Струмица, Институт за истражување на политики и добро владеење-Скопје и Центар за ромска заедница „Дром“.

Александар Кржаловски, национален тим лидер на Цивика мобилитас информира дека ова е втор тип на грантови што се доделува во рамки на програмата „Цивика мобилитас“ која почна од 2008 година, а октомври лани ја спроведува компанијата од Данска НИРАС заедно со Шведскиот институт за јавна администрација СИПУ од Шведска и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Програмата ќе трае од 2014 до септември 2018 година.

– Сакаме да дојдеме до 100 организации кои сакаме да добијат ваков тип на грантови со што сметаме дека ќе се овозможи поголема социјална промена во Република Македонија во овој период, рече Кржаловски.

Амбасадорот на Швајцарија во Македонија Стефано Лазарото истакна дека конкуренцијата меѓу невладините организации во државата ја покажува потребата од, како што рече, ваква поддршка од наша страна во Македонија.

– Во моментов земјата се соочува со една потешка ситуација. Улогата на граѓанското општество во ваква ситуација е многу важна и ќе биде важна и во иднина, рече Лазарото. Потсети дека подолго време Швајцарија го поддржува унапредувањето на граѓанското општество во Македонија. Концептот на независност, како што рече, не е воспоставен во земјата и се уште имаме работа која треба да ја завршиме.

Би можело да ве интересира

Цивика мобилитас ги промовираше последните 24 грантисти

Наум Локоски

Промовирани новите грантисти на швајцарската Цивика мобилитас

Ана Ололовска

Промоција на нови 37 грантисти на Цивика мобилитас

Ана Ололовска