Промовирана монографија за Делчево

Од:

Нови историски аспекти, факти и документи се содржани во монографијата за Делчево од авторот Славчо Десподов, историчар, новинар и културен работник, кој го следи развојот на овој град од антиката до денес како современа културна урбана средина. Монографијата беше промовирана синоќа во Домот на културата. 

Напишана е на македонски и на англиски јазик, а нејзиното значење е огромно, истакна промоторот проф.д-р Александар Атанасовски.

Делчево, посочи тој, добива монографија точно по 50 години од првата монографија која ја има за овој град. – Од самото тоа, значењето на ова дело е големо, бидејќи секоја општина треба да има материјални аргументи кои ќе бидат од корист и за самата промоција на општината пред домашни и странски гости, а која останува и натаму а се надградува и аргументира, рече Атанасовски.

Тој истакна дека од историски аспект, монографијата нуди нови факти и податоци кои авторот ги консултирал и од архивите од соседна Бугарија.

– Земено во целина, монографијата претставува еден вид збиена хроника на познати и малку познати, но и воопшто непознати настани од овој простор кои за прв пат овде се објавуваат благодарение на новите археолошки истражувања правени на овој терен и истражувањата кои ги направил авторот во Бугарија, посебно во архивите и музеите во Ќустендил, каде се извадени некои настани посебно за Брегалничката мисија и некои настани меѓу двете светски војни. Посебно интересен е каталогот на археолошките наоди и експонати, природните раритети во општината, културно-историските споменици, пред се, би ги нагласил, историските аспекти и факти на Делчево од минатото до денес, рече Атанасовски.

Авторот Десподов на изработката на монографијата и го посветил целиот свој работен век. Посебно тој ги потенцира новите факти во врска со градот Равен, местото каде е создавана првата словенска азбука Глаголицата од браќата Кирил и Методиј кој тој го лоцира во близина на селото Разловци, во месноста Старото Село.

– Дека Кирил и Методиј престојувале на територијата на Пијанец посебно кај Разловци не пишува само историчарот Јордан Иванова, туку и други тогашни историчари и патеписци, но пред се доказ за тоа се археолошките истражувања на тој терен во 2003 година, каде се најде предмети кои се наоѓаат во Музејот во Скопје, тука е испосничката ќелија на Светата вода која е близина на Разловци, овде се уште се видливи остатоци од темели на куќи, калдрмисано улици остатоци од црква и голем број гробови, а самиот локалитет е по течението на Брегалница. Во близина на локалитетот постојат фортификациски утврдувања, истакна Десподов.

Нови факти, Десподов презентира и за турскиот период во Пијанец.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Николовски, Бочварски и Шукова од Делчево: Вложуваме во подобар живот на граѓаните, градиме модерна инфрастуктура, нов затворен пазар, а се гради и филтер станицата обезбедувајќи чиста вода за пиење на делчевци

Предраг Петровиќ

Повеќе населби во Делчево без електрична енергија