Промовиран проектот „SIGN за одржливост“

Од:

Во петок, 19-ти април во ЕУ Инфо Центарот претставниците од регионалната мрежа SIGN одржаа прес конференција со цел да ја запознаат јавноста од регионот со мрежата SIGN и да споделат информации околу проектот “SIGN за одржливост“ со кој би се придонело кон зголемување на локалните практики за донирање, во земјите од регионот, а оваа мрежа го спроведува во моментот.

Говорници на конференцијата беа Миа Вукојевиќ (Извршен директор на Балканскиот фонд за локални иницијативи – БЦИФ; Србија) и Зоран Стојковски (Извршен директор на Центарот за институционален развој-ЦИРа; Македонија).

Миа Вукојевиќ даде преглед на проектот „SIGN за одржливост“ кој е регионална иницијатива имплементирана од регионалната мрежа SIGN и фининасирана од Европската Унија преку Инструментот за предпристапна помош за зајакнување на граѓанското општество (IPA-CSF) и кофинасирана од Балканскиот фонд за демократија (Balkan Trust for Democracy – BTD). Вкупниот буџет на овој проект изнесува 687.740 евра.

Вукојевиќ ги претстави активностите на проектот фокусирани кон три главни прашања: подобрување на законската рамка за развојот филанторпија во земјите од Западен Балкан, пренос на научени вештини и промоција на најдобри практики, и зголемена локална поддршка и поголема вклученост на граѓаните во работата на граѓанските организациии.

Воедно Вукојевиќ го објасни и процесот на одржување на Академијата за одржливост, во кој во секоја земја ќе учествуваат по 15 локални граѓански организации, како и поддршката која ќе им биде дадена со цел да адресираат прашања во нивното поле на работа преку поттикнување на донации од граѓани и претпријатија.

sign (2)

Износот на средствата кои ќе го соберат понатаму ќе биде дуплиран од проектот и сите средства ќе бидат искористени за реализација на покренатите иницијативи. На пример, ако една организација успее да собере 2000 евра од комапнии, индивидуалци или други извори за на пр. реновирање на детско игралиште, уште 2000 евра за реализација на иницијативата ќе и бидат доделени од средствата на ЕУ проектот спроведуван од мрежата SIGN. Ваквиот пристап (доделување на таканаречени “поттикнувачки грантови” (“challenge grants”) имаат за цел да ги мотивираат организациите да научат како ефективно да ги мобилизираат ресурсите од локалната заедница, и да не зависат само од странски донатори.

„Благодарение на оваа иницијатива, граѓанските организации ќе бидат потранспарентни, релевантни и ќе добијат поголема поддршка од компаниите и индивидуалците за подобрување на животот во заедниците“, рече Г-а Миа Вукојевиќ.

Зоран Стојковски сподели информации околу целите на мрежата SIGN (Мрежа на локални донаторски организации), како регионална мрежа за развој на филантропијата и локалните заедници.

Стојковски нагласи дека постоењето на една ваква регионална мрежа, укажува на фактот дека, во секоја од земјите во регионот е дојдено времето, да се свртиме кон нас самите, кон ресурсите кои ги имаме како држави и дека можеме да како општества самите да ги решаваме предизвиците со кои се соочуваат локалните заедници во својот развој во сите сфери на живеењето, а особено предизвиците на индивидуите и на оние групи на граѓани кои се во тешка позиција во нашите земји.

„Веруваме дека секој поединец може да биде и е филантроп, и дека преку донирање на материјални и финансиски средства, како и преку волонтирање, може да придонесе кон подобрување на состојбата во секоја сфера (на пр, во решавањето на социјалните проблеми, подобрувањето на животната средина, развојот на руралните средини или на правата и состајбата на маргинализираните заедници)“, рече Стојковски

SIGN мрежата е основана во 2009та година како неформална мрежа која има за цел да ја зајакне регионaлната соработка на локалните донаторски организации. Во оваа мрежа членуваат BCIF (Белград, Србија), fAKT (Подгорица, Црна Гора), Фондација Мозаик (Сараево,БиХ), ЦИРа (Скопје,Македонија), FIQ (Приштина, Косово) и Фондацијата VIA (Прага, Чешка Република).

Организациите – членки се вмрежија за да придонесат кон создавањето на поволна средина за развој на филантропијата, корпоративна општествена одговорност и граѓанскиот активизам, како и за зголемување на отчетноста и транспарентноста на секторот и зајакнување на капацитетот за мобилизирање на граѓаните и ресурси на локално ниво.

Би можело да ве интересира

Конкурс за зелени проекти за традиционални бизниси

Емир Латифовиќ

Завршна сесија на Форумот во заедницата на општините Босилово и Василево

Емир Латифовиќ

За прв пат во Македонија граѓаните ќе креираат „Круг на хуманоста“

Емир Латифовиќ

Започна проектот „Да создадеме подобра иднина“

Емир Латифовиќ

Животната средина наспроти урбанистичката експанзија

Емир Латифовиќ

За 6 месеци се регистрирани нови 378 граѓански организации

Ана Ололовска