Промоција на „Прирачник за активно граѓанство“

Од:

Промоција на „Прирачник за активно граѓанство“ и дебата ќе се оджи утре во 12 часот, во хотелот „Холидеј Ин“, Скопје (сала Милениум 2), во организација на Форум – Центар за стратешки истражувања и документација (Форум – ЦСИД) во соработка со Фондацијата Отворено oпштество – Македонија (ФООМ).

На настанот ќе бидат презентирани анализи поврзани со местото и улогата на граѓанскиот активизам во Македонија, направени од неколку истакнати истражувачи и граѓански активисти, кои сочинуваат дел од големиот број предавачи на Школата за активно граѓанство, која ја организира и спроведува Форум – ЦСИД во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.

Школата за активно граѓанство се организира за млади, претставници на граѓански организации и неформални групи, со цел да им обезбеди неопходно знаење и вештини за реализирање граѓански иницијативи.

Настанот ќе го отвори Слаѓан Пенев од Форум – ЦСИД, а свои презентации на анализите на граѓанскиот активизам ќе имаат Мирјана Најчевска, Жарко Трајаноски, Владо Апостолов и Џелал Хоџиќ.

Би можело да ве интересира

Сопругата на претседателот Пендаровски покровител на фестивалот „Ден на граѓанските организации“

Ана Ололовска

Граѓанските организации дадоа посебен придонес во борбата со Ковид-19, остануваат силен партнер на Владата

Ана Ололовска

Фондот за Западен Балкан ги помага капацитетите на регионалните НВО во борбата против организираниот криминал

Ана Ололовска

Царовска на состанок со ССМ, граѓанските организации и инспекторатите: Почитувањето на протоколите за заштита од Ковид-19 во фабриките е наш приоритет

А1он

Царовска на координација со УНДП и граѓанските организации: Сите предлози и сугестии се добредојдени, Владата вложува максимални напори да ги заштити работниците и бизнисот

Ана Ололовска

Граѓанскиот сектор реагира поради пренамена на средства за животна средина од Буџетот

Ана Ололовска