Промоција на Меѓународното списание за образование, истражување и обука

Од:

Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје вечер ќе го промовира првиот број од Меѓународното списание за образование, истражување и обука (International Journal forEducation, Research and Training – IJERT).

Ова е единствено списание од ваков карактер во Македонија кое ги третира современите образовни текови, трендови и предизвици од глобален аспект и дава особен придонес во креирањето на образовните политики на нашата земја и пошироко.

Во уредувачкиот одбор на списанието има 34 членови, од кои 25 членови од одборот се странци, односно професори и претставници на 22 познати универзитети од 14 различни земји, од кои поголемиот дел се земји членки на Европската унија, но имаме претставници и од универзитети од Русија и САД.

На промоцијата ќе се обратат деканот на Филозофскиот факултет во Скопје Горан Ајдински, раководителот на Институтот за педагогија Анета Баракоска, главниот и одговорен уредник Борче Костов и уредниците Елизабета Томевска-Илиевска, Алма Тасевска и Елена Ризова.

Меѓународно списание за образование, истражување и обука излезе од печат во јуни оваа година, а во исто време и неговата електронска верзија која е прикачена на веб страницата на Филозофскиот факултет. Како и сите списанија кои ги издава Филозофскиот факултет и ова списание е со отворен пристап.

Во првиот број од списанието публикувани се трудови кои се однесуваа на реформите кои се превземаат во воспитно-образовните системи. Големиот број на трудови кои пристигнаа за објава, како и севкупноста на темите кои беа обработени, укажуваат на множество на проблеми од областа на образованието.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование