Промоција на книга и дебата „Црн понеделник и по него“

Од:

Фондацијата Отворено општество – Македонија, на 20 март 2013 година (среда), во 12 часот, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, ќе одржи дебата на тема „Црниот понеделник и по него“ и промоција на книгата „Црн понеделник“.

Воведничари – промотори се Светомир Шкариќ, д-р на правни науки, редовен професор по Уставно право во пензија, Радмила Шекеринска, поранешна вицепремиерка за евроинтеграции и актуелна пратеничка во Собранието на Република Македонија, Љубиша Николовски, новинар и Арсим Зеколи, политички аналитичар.

Тие ќе говорат за можните последици и резултатите од настанот во Собранието на 24 декември 2012 година, од правен, политички и од новинарски аспект. Модератор на дебатата ќе биде Гордана Дувњак.
На промоцијата се поканети сите учесници во „црниот понеделник“, институциите и индивидуалците директно вклучени во отстранувањето пратеници и новинари од Собранието на Република Македонија, пратениците и новинарите, како и претставниците од дипломатскиот кор во Македонија.

Настанот може да го проследите во живо на: www.vozivo.mk

Би можело да ве интересира

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ

Европските искуства предупредуваат: рестрикциите го поттикнуваат црниот пазар на никотински производи

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари