Промоција на апликацијата „Органски пат“

Од:

Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ), Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“ и Здружението на агро-новинари „Медиа Плус денеска ќе ја промовираат апликацијата „Органски пат“ за мобилни телефони.

Апликацијата овозможува пребарување и планирање посета на производители на органска храна во Македонија, ресторани, продавници, сместувачки или туристички објекти кои нудат органска храна.

Изготвена е во рамки на проектот „Преминете на органско – потрошувачите во фокусот на земјоделската политика”, финансиран од Европската унија со цел подигнување на јавната свест и зголемување на довербата на потрошувачите во органското производство, неговите здравствени, еколошки и социјални бенефити.

Би можело да ве интересира

ОПМ повикува граѓаните и властите да преземат чекори да не се фрла храна

Наум Локоски