Променливо облачно, врнежи од дожд попладне и во текот на ноќта

Од:

Времето денеска е променливо облачно, претпладне со магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови од државата, каде што ќе наврнат и над 15 литри на квадратен метар. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 9 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со појава на магла или ниска облачност по котлините. Повремени врнежи од дожд, на планините од снег, ќе има во вторник.

Би можело да ве интересира

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

А1он

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

До четврток сончево и топло, од петок и во викендот дожд

Студено утро, релативно топло преку ден

А1он

Топло во следните денови, УХМР најавува температури до 29 степени

Сончево со мала облачност и темепратури до 26 степени