Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 17 степени.

Според прогнозата на УХМР, во понеделник ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 литри на квадратен метар за 24 часа) со појава на грмежи.

-Во вторник претпладне ќе има повремен локален дожд, а преку денот ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Би можело да ве интересира

Сончево со температури до 26 степени

Сончево и топло со температури до 26 степени

Променливо време со ниски утрински температури

Променливо облачно време со сончеви периоди

А1он

И сонце и облаци, темепратури до 23 степени

Променливо облачно, со локален дожд