Променливо облачно, температура до 22 степена

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови, претежно во северните делови ќе има услови за појава на слаб краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Од УХМР информираат дека во Скопје ќе преовладува променливо облачно со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во следните два дена времето ќе биде релативно топло, а во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно време со врнежи од дожд

А1он

Период на облачно и потопло време

Облачно, дожд и потопло

Студено и со негативни температура почнува новата година

Катерина Ѓуровски

Ветровито и постудено за новогодишните празници

Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност

А1он