Променливо облачно со засилен ветер, попладне дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер со брзина од над 60 километри на час од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) прогнозира дека минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 18 степени.

УХМР најавува дека утре претпладне ќе има врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од југозападен правец (над 60 километри на час).

Во текот на денот облачноста ќе се намали и потоа следува период на сончево и топло време со пораст на температурата.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд

Денеска облачно со сончеви периоди, наместа пороен дожд и ветер

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи

Денеска променливо облачно со сончеви периоди, попладне краткотраен пороен дожд, грмежи и ветер

Денеска облачно со дожд и ветер

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно со локален дожд и засилен северен ветер