Променливо облачно со сончеви периоди

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди особено попладне. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи .

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 9 степени.

По денешното преодно наоблачување, следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите. Значително потопло ќе биде во недела и на почетокот од следната седмица.

Би можело да ве интересира

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, температури до 16 степени

Променливо облачно, наутро студено и денеска и во следните денови

Облачно и посвежо, на повисоките места услови за снег

Облачно со дожд денеска, во следните денови пад на темепратурата

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Катерина Ѓуровски

Сончево со температури до 20 степени