Променливо облачно со сончеви периоди

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Од УХМР информираа дека минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во четврток и петок ќе има повремен локален дожд и ќе дува засилен јужен ветер што ќе придонесе температурите да бидат во значителен пораст. Промена на времето ќе има во сабота кога под влијание на влажен и студен бран ќе дува засилен северен ветер и ќе има врнежи кои на повеќето места ќе бидат од снег. Се очекува и формирање на снежна покривка и во некои пониски места.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со повремен дожд, температурите до 19 степени

Облачно со температури до 19 степени

Облачно и ветровито со температури до 17 степени

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен

Облачно со дожд, но топло, темепратури до 24 степени

Катерина Ѓуровски