Променливо облачно со слаб локален дожд, температурата до 16 степени

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со локален слаб дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 14 степени.

Според УХМР, од среда следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури.

Би можело да ве интересира

Сончево и ветровито, утринските температури до -5 степени, дневните до 10

Променливо облачно, дожд и снег во југозападните делови од државата

Од попладне до петок дожд

Најстудено утрово во Тетово, Битола, Прилеп и Берово со измерени -4

Променливо облачно и тивко со сончеви периоди

Во Берово – 5 степени, над 0 само во Охрид, Виница и Крушево