Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд особено во северозападниот дел од земјава. По одделни котлини во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од осум до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со утринска слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 10 степени.
Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а попладне облачноста насекаде ќе се зголеми така што во вечерните часови ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат и пообилни. Ќе има и услови за појава на грмежи.